JSTORJSTOR (кратенка од Journal STORage) е дигитална библиотека основана во 1995 година во американскиот град Њујорк.
Содржи илјадници дигитализирани изданија објавени од повеќе светски академски списанија. Од 2013 година, повеќе од 8 илјади институции во повеќе од 160 земји ширум светот имаат пристап до оваа дигитална библиотека. Иако најголемиот дел од пристапот до дигитализираните изданија е со претплата, оваа библиотека нуди и содржина која има отворен (бесплатен) пристап.[1] Нејзината база на податоци содржи повеќе од две илјади наслови на научни списанија објавени од над 900 издавачи, во повеќе од 50 дисциплини. JSTOR е дел од ITHAKA, непрофитна организација која и помага на академската заедница да користи дигитални технологии за зачувување на научните податоци и за унапредување на истражувањата и наставата на одржлив начин. Приходите на JSTOR во 2015 година изнесуваа 86 милиони американски долари.[2] Наводи
|