2012
2012 (MMXII) била престапна година којашто започнала во ден недела според грегоријанскиот календар, а воедно и дванаесеттата година од 3 милениум и 21 век, како и трета од 2010-тите. Други календариГодината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот. Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7520 и 7521 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6762 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5772 и 5773 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2765. Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2012. година се протега во 4648 и 4649, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4708 и 4709 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2555. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1433 и 1434 исламска година. Настанијануари
мај
јуни
јули
ноември
декември
Непознати датуми
Космолошки претпоставкиЏон Мејџор Џенкинс и некои други[6] сметаат дека кога Сонцето ќе изгрее на хоризонтот на 21 декември 2012 година, ќе се најде во центарот на галаксијата Млечен Пат, и ќе се случи израмнување, односно во иста линија ќе се најдат Земјата, Сонцето и Галактичкото Средиште.[7] Се смета дека овој настан ќе предизвика бројни промени на Земјата. Но, овој настан е само визуелен феномен гледано од перспектива на Земјата, предизвикан од појавата прецесија на рамноденицата, и не би требало да предизвика каква било промена на позицијата на нашата планета во галаксијата. Накратко, не се очекуваат никакви гравитациски сили или зрачење, па според тоа овој ден не би требало да биде ништо поинаков од било кој друг сонцестој.[8][9][10] Мајкл Царион [11] и некои други сметаат дека на тој ден израмнувањето ќе се случи во иста хоризонтална рамнина со галаксијата Млечен Пат. Нашиот Сончев Систем се врти околу центарот на галаксијата на секои 225 милиони години, и во тоа свое движење оди горе и долу сечејќи ја рамнината на секои 33 милиони години. Според списанието „Природа“ (Nature), постојат докази дека ние се оддалечуваме од галактичката рамнина, и нема да ја пресечеме во наредните 30 милиони години.[12] Исто така постојат теории поврзани со моментално непознатата планета, наречена планета икс или Нибиру, која има чудна орбита и влегува во нашиот Сончев Систем на секои 3600 години, а во 2012 се враќа овде и ќе предизвика бројни проблеми.[13] Оваа идеја ја лансирал Зехарија Сичин со своите преводи на сумерските текстови, а посебно со својата интерпретација на цилиндричниот печат VA 243, во кој наоѓа потврда дека Сумерите знаеле за постоењето на 12 планети во нашиот Сончев Систем (Сонце, Месечина и десет други).[14][15] Според едно друго можно сценарио, постои можност за измена на магнетните полови на Земјата, што би предизвикало да бидеме ранливи на сончевото зрачење.[16] Но, НАСА тврди дека измена на половите не се случува во еден конкретен ден, туку тоа е процес кој се случува во текот на илјадници години.[17] Некои сметаат дека нема да дојде до промена на магнетните полови, туку дека тие физички ќе ги сменат местата. Се знае дека Земјата веќе има поместена оска за неколку степени, но не постои причина дека може да дојде до целосно извртување. Според Вилијам Сејџер, океанограф од Тексас, ваков настан не може да се случи во текот на еден ден, туку само во текот на долг период.[18] Метафизички настаниНекои припадници на движењето њу ејџ сметаат дека 2012 е значајна година за духовна трансформација (според некои пак, година на апокалипса). Своите претпоставки ги засноваат врз мајанските текстови како што се Попол Вух и книгите на Чилам Балам, напишани после шпанските освојувања на Америка. Постои несогласување дали во 2012 година ќе се случи крај на цивилизацијата или пак човештвото ќе се издигне на „повисоко“ ниво.[19]. Повеќето езотерички извори кои го толкуваат мајанскиот календар, сметаат дека ќе се случи голема промена во светскиот поредок. Неколкумина автори веќе издадоа книги во кои ги изнесуваат своите сомневања во врска со измената на светскиот поредок што треба да се случи во 2012 година:
Големи верски празници
Наводи
|