Шкотска
Шкотска (шкотски и англиски: Scotland) или Алба (гелски: Alba) — зависна земја на северозападот на Европа и една од составните земји на Обединетото Кралство. Земјата ја зазема северната третина од островот, и ја дели на југ копнената граница со Англија, а се граничи со Северното Море на исток, Атлантскиот Океан на север и запад и со Северниот Проток и Ирското Море на југозапад. Кралството Шкотска е независна држава од 1 мај 1707, кога со указ за обединување, влегло во рамките на Кралството Англија. Со ова е создадено кралството Велика Британија. Шкотска и Обединетото Кралство се договориле во октомври 2012 година да се одржи референдум за независност на Шкотска од Обединетото Кралство во 2014 година. ИсторијаРан современ периодДоговор за вечен мир бил потпишан во 1502 од Џејмс IV од Шкотска и Хенри VII од Англија. Џејмс се оженил со ќерката на Хенри, Маргарет Тјудор.[10] Џејмс ја нападнал Англија во поддршка на Франција и е последниот британски монарх кој загинал во битка, кај Флоден во 1513.[11] Во 1560, со Договорот од Единбург бил ставен крај на Англо-Францускиот конфликт и била признаена протестантката Елизабета I за Кралица на Англија.[12]:112 Во Шкотска била прекината папската власт и римокатоличкото учење.[13]:44 Католичката кралица, Мери, била принудена да абдицира во 1567.[14] Географија и климаГеографијаШкотска е составена од: Хербидските Острови се делат на: Клима![]() Шкотска има атлантска клима и силни југозападни ветрови. Тоа е последица од распоредот на планините и Атлантскиот Океан, поради кој зимите во пониските делови се меки, а поладно станува во зима на високите планини и на северните крајбрежја. Средната температура во јануари е помеѓу 3-5 °C, а преку ноќ под нулата. На високите планини снегот се задржува со месеци. Летата се претежно ладни. Средната температрура во јули изнесува 13-15 °C, но после ручек често таа се зголемува и до 20 °C. Многу ретко е потопло од 24 °C. Дождот повеќе паѓа во западните планински делови каде што југозападните ветрови носат многу влажен воздух од Атлантскиот Океан. Отприлика врне околу 2500 mm годишно. Највлажни месеци се од јули до ноември, а исто и јануари е влажен. Демографија
РелигијаПовеќето од Шкотланѓаните се протестанти. Презвитеријанскатацрква на Шкотска има околу 600.000 членови или 12% од населението. Отприлика 800.000 луѓе се католици. ЕкономијаШкотска има западначко отворена економија која е претежно е поврзана со економиите на Западна Европа. Шкотска има претежно извори на нафта во Северното Море, лов на риба и голем број на овци. Други важни гранки се модерната технологија, вискито и туризмот. Повисоките места претежно се помалку населени и има голем број овци. 5% од ГПД-то и 7.5 од вработените во Шкотска - туризмот во Шкотска. Најпосетено одредиште останува езерото Лок Нес во кое наводно се наоѓа митското чудовиште Неси. КултураГајдата и килтот се можеби најзначајните знаменитости на Шкотска. Наводи
Поврзано
|