Јажинце е албанско село, а до крајот на 20 век имало и Македонци во селото.
Според истражувањата во 1940-тите родови во селото се:
Македонци: Јовчевци (2 к.) они се староседелци.
Албанци: Незеле (24 к.), Коље (15 к.), Миаје (17 к.), Имиште (11 к.) и Пуљак (3 к.). Сите родови доселени се од разни места во северна Албанија, сите се доселени до средината на XIX век.[8]
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постојат избирачките места бр. 2132 и 2132/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[9]
Црквиште, средновековна црква и некропола. Според историските извори, на горната страна на селото постоела црква посветена на Св.Спас. На површината се гледаат големи камени плочи од гробни конструкции и фрагменти од керамички садови.[11][12]
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Од селото се иселени повеќе Македонци. Се памтат многу иселени македонски родови како: Блажевци, Шиндаровци[13], Јаќимовци, Димовци, Јанковци, Ристовци, Јошевци и др. Многу од нив се иселени во Тетово, некои и на други места.
Во околните села познати се следните родови иселени од Јажинце: Јажинковци (3 к.) се иселени во селото Јанчиште.Кичиновци (6 к.) иселени се во селото Кучково, Скопско. Војиновци (4 к.) иселени се во селото Волково, Скопско. Они од Волково имаат иселеници и на други места.
Од лозата на Шиндаровци, преселени се во населени места околу Скопје: Драчево, Црешево, Лисиче.
Од муслиманските родови иселеници има во: Пржалар иселени се во селото Прошовце. Јажинци (11 к.) иселени се во селото Долно Свиларе, Скопско. И на двата рода подалечно потекло им е од северна Албанија.[8]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“